нокаутира (св. и несв.)
- Лошотилак еден, - спискав и ја „нокаутирав“ со еден лев кроше, оти сум левучар.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Тепачките во салуните, или она што во вестерните го работат кога ќе го нокаутираат главниот јунак или кога еден тип ќе собори друг на масата која под нив се крши - тие во салуните секогаш кршат барем една маса - секогаш се снимаат оддалеку.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Знаеше дека можеше да ги нокаутира веднаш, но момент за задавање на последниот удар, го одложуваше.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)